сабота, 20 декември 2025

Бугарија усвои измени на законот за семејно насилство по брутален напад на 18-годишна девојка

Објавено на

часот

Сподели

Илјадници демонстранти минатата недела низ земјата бараа реформа на судскиот систем и подобра заштита на жените, носејќи плакати на кои пишуваше „Повеќе ниедна жена“.

Осумнаесетгодишната девојка била нападната пред нешто повеќе од еден месец. Поранешно момче ја повредило со нож, ѝ го скршило носот и ѝ ја избричило косата.

Судот во Стара Загора кој бил задолжен за случајот првично ги означил тие повреди како „лесни“ и не наредил апсење на 26-годишното момче.

Под притисок на вџашената јавност, властите подоцна го уапсиле, но тој го негирал нападот.

Пратениците вчера ја укинаа можноста за условно казнување на лице кое на друго лице му нанело „лесни телесни повреди“, што е престап за кој може да се добијат до две години затвор.

Тие исто така воведоа ново кривично дело, насилство поврзано со интимна врска, и не само во семејство или двојка.

Социјалистичката претставничка Корнелија Нинова кажа дека тоа е „правен апсурд“ и дека ќе треба прво да се докаже „интимна врска“.

„Таа дефиниција е нејасна и треба да биде прецизирана“, кажа бугарската адвокатка Адела Кашаунова. Но таа измена им носи заштита на малолетниците кои не беа покриени со законот, додаде таа.

Според податоците на полицијата 18 жени се убиени во Бугарија во првите три месеци од годината, но активистите за човекови права сметаат дека таа бројка е многу помала од вистинската.

Имало 596 случаи на семејно насилство во текот на првите шест месеци од 2023 година, во однос на 426 во истиот период минатата година, според полициската статистика.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ