четврток, 11 декември 2025

Бајден: Две држави за два народа, тоа сега е попотребно од кога било

Објавено на

часот

Сподели

„Мораме да ја обновиме нашата решеност да продолжиме со решение за две држави каде што Израелците и Палестинците еден ден би можеле да живеат рамо до рамо во дводржавно решение со еднаква мера за слобода и достоинство“, рече Бајден по првото ослободување на заложниците.

„Две држави за два народи. А тоа сега е потребно повеќе од кога било“, додаде тој. Палестинската исламистичка организација Хамас ослободи 24 заложници во петокот, на првиот ден од прекинот на огнот, а Израел ослободи 39 палестински жени и деца од своите затвори, објавија Катар и Црвениот крст.

Девет часа откако престанаа борбите за прв пат по седум недели, Црвениот крст соопшти дека почнал да пренесува заложници од Газа во Израел во замена за Палестинците што се чуваат во израелските затвори. „Хамас го изврши овој терористички напад затоа што најмногу се плаши од Израелците и Палестинците што живеат рамо до рамо во мир“, додаде Бајден.

Да се ​​продолжи по патот на „теророт, насилството и убиствата“ и војната е еднакво на давање на Хамас „сѐ што сакаат“. „Не можеме да го направиме тоа“, рече тој. Денеска е вториот ден од примирјето меѓу исламистичкото движење и Израел, кое на жителите на Газа им нуди кревок одмор по седум недели војна.

Ова четиридневно примирје, кое може и да се продолжи, во средата го постигна Катар со поддршка од САД и Египет. Со него се предвидува ослободување на 50 заложници што ги држеше Хамас во Појасот Газа и 150 Палестинци држени во израелските затвори. „Во наредните денови очекуваме десетици заложници да се вратат кај своите семејства“, рече Бајден.

Катар денеска треба да објави колку заложници и затвореници ќе бидат ослободени во текот на денот. Израелските власти соопштија дека го добиле списокот, но не го објавија нивниот број или во колку часот ќе се одржи. „Во Газа сѐ уште има околу 215 заложници. Во многу случаи не знаеме дали се живи или мртви“, изјави портпаролот на израелската армија Дорон Шпилман.

Израелската војска проценува дека Хамас киднапирал околу 240 луѓе во крвавиот напад на израелска територија на 7 октомври. Според израелските власти, во тој напад загинале 1.200 луѓе, од кои огромно мнозинство биле цивили.

Како одмазда, Израел безмилосно ја бомбардираше палестинската територија и почна копнена офанзива на 27 октомври за да го „елиминира“ Хамас, кој е на власт во Газа од 2007 година. Во појасот Газа, според владата на Хамас, во израелските напади загинале 14.854 луѓе, меѓу кои 6.150 деца.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ