недела, 7 декември 2025

Американските специјални сили го евакуираа персоналот на американската амбасада во Судан

Објавено на

часот

Сподели

Во операцијата учествувале околу 100 американски војници со три хеликоптери МХ-47, а околу 70 преостанати вработени во амбасадата биле пренесени на непозната локација во Етиопија, изјави помошникот државен секретар за африкански прашања Моли Фи.

Таа додаде дека Етиопија, исто така, обезбедила поддршка за прелетување и полнење гориво.

Вашингтон ја затвори американската мисија во Картум на неодредено време, но илјадници американски државјани останаа во оваа источноафриканска земја.

Американскиот претседател Џозеф Бајден рече дека добива редовни извештаи од неговиот тим за напорите да им помогне на преостанатите Американци во Судан, „колку што е тоа можно“.

Бајден рече дека Џибути, Етиопија и Саудиска Арабија, исто така, помогнале при евакуацијата. Тој повика на прекин на „непромисленото“ насилство таму.

„Горд сум на извонредната посветеност на нашите вработени во амбасадата, кои храбро и професионално ги извршуваа своите должности и го отелотворија американското пријателство и врската со народот на Судан“, рече Бајден во изјавата.

Американските власти рекоа дека би било премногу опасно да се изврши поширока мисија за евакуација додека деветти ден продолжуваат борбите меѓу силите на двајцата ривалски судански команданти.

Во борбите загинаа повеќе од 400 луѓе, затворен е главниот меѓународен аеродром, а патиштата се под контрола на вооружени групи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ