Група истражувачи од Универзитетот во Њујорк и Универзитетот Корнел решија вековна мистерија за чуден феномен од дното на езерото Сенека.
Мистериозниот звук, некогаш наречен „сенечка пушка“ или „сенечки тапани“, првпат бил забележан во 17 век, и оттогаш се појавиле многу митови и легенди за него. Некои мештани некогаш верувале дека тоа се гласовите на боговите, додека други тврделе дека се слушаат гласови на загинати војници.
Како што пренесува Њујорк тајмс, истражувачите спровеле детално истражување на езерското дно помеѓу 2018 и 2024 година и откриле повеќе од 140 големи вдлабнатини со дијаметар од неколку десетици до неколку стотици метри.
Откако ја анализирале водата и седиментот од езерото, тие ја потврдиле хипотезата на германскиот геолог Херман Ферчајлд од 1934 година, која претпоставува дека метанот заробен под дното на езерото одеднаш еруптира и создава звук сличен на истрел од топ.
Како што објаснија, притисокот на подземниот гас полека се зголемува сè додека не пробие низ дното на езерото и одеднаш не се ослободи. Големите меурчиња од гас, кои брзо се искачуваат на површината, се придружени со ударни бранови кои произведуваат гласен звук.
Научниците, и покрај важното откритие, предупредуваат дека се потребни понатамошни истражувања за да се разберат сите фактори и можни последици од ненадејните испуштања на гасови.






