Слични „музички патишта“ веќе се поставени во земји како САД, Јапонија и Унгарија. Но, овој во Фуџаира, емират на околу 120 километри од Дубаи, е првиот во арапскиот свет, изјави за Ројтерс, Али Обаид Ал Хефаити, директор на локалната уметничка академија.
Звучната лента работи на принципот на нерамнини издлабени на патот. Кога гумите ќе ги погодат со брзина од приближно 100 километри на час, вибрациите создаваат мелодија што може да се слушне во возилото.
„Ода на радоста“ на Лудвиг ван Бетовен беше природен избор како една од најпознатите композиции, изјави Ал Хефаити.
Мохамед Ал Матруси, Оманец кој патувал по автопат, изјави дека музиката го опуштила по долго патување.
„Музиката ве внесува во поинакво расположение, особено затоа што е Бетовен“, рече тој.






