Прво, ова е најкратката рута помеѓу САД и Европа, второ, на небото постои вистински „автопат“ наречен млазен тек, пренесува Н1.
Млазниот тек е силна воздушна струја што се движи од запад кон исток.
Тоа заштедува гориво и ги прави летовите пократки и помалку турбулентни. Затоа летовите од САД до Европа обично се побрзи отколку во спротивната насока.
Но, како избегнуваат судири, особено што радарите не работат преку Атлантикот? Сето тоа е решено со северноатлантските патеки.
Бидејќи млазниот тек постојано се менува, експертите секојдневно анализираат многу податоци и буквално создаваат траектории за авионите.
Како што авионите се приближуваат кон овие рути, пилотите бараат дозвола да влезат во нив. Контролерите на летот, врз основа на сите барања, оптимално ги распоредуваат авионите со прилагодување на брзината, висината и растојанието, што го прави летањето толку безбедно.






