понеделник, 8 декември 2025

Зошто се празни батеријата на автомобилот ако тој е близу до аеродром?

Возач го оставил автомобилот на аеродром само 5 дена, кога се вратил нашол празен акумулатор! Причината е потполно неочекувана.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Паркирањето автомобил на аеродром може да предизвика еден од најбизарните проблеми: празнењето на батериите на паркираните автомобили поради бучавата и вибрациите на авионот.

Читател на холандското списание Авто недела изјавил дека батеријата на неговиот автомобил се испразнила од бучавата и вибрациите на авионот. Според читателот Фердинанд Вилекес од Харлинген, батеријата била целосно празна по само пет дена паркирање.

„Го паркиравме нашиот автомобил од 2023 година со поминати 6.625 км на аеродромот. Кога се вративме, автомобилот не се отклучуваше. Клучот за итни случаи овозможи влез, но возилото не стартуваше.“

Холандскиот тим за помош на пат на АНВБ открил дека батеријата на возилото е празна. По полнењето на батеријата, сè повторно проработи, пренесува Ревијахак.

Сопственикот, откако разговарал со службата за помош на патот, претпоставил дека автомобилот го активирал алармот повеќе пати поради вибрации за време на слетувањето и полетувањето, што ја испразнило батеријата. Што е чест и неверојатен случај, истакна тој.

АНВБ, исто така, сигнализира проблеми со батеријата поради полетување или слетување на авионот.

„Можно е батеријата од 12 волти да се испразни кога алармот ќе се огласи повеќе пати“, изјави портпаролката на АНВБ, додавајќи:

„Точната причина е сè уште предмет на шпекулација. Логично е дека автомобил паркиран на локација подложена на гласна бучава и вибрации од полетувањето и слетувањето на авиони би го активирал алармот повеќе пати и на крајот би ја испразнил батеријата. Тоа сценарио секако се случува“, потврди портпаролката.

Во многу модерни автомобили, можете да го оневозможите алармот, информациите се во упатството за возилото.

На повеќето аеродроми паркинзите се доволно оддалечени од пистите, но има и вакви случаи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ