среда, 17 декември 2025

Зошто прегратката на родителите е толку важна за бебињата?

Иако изгледа едноставно и речиси секојдневно, прегратката на родителите носи силен емоционален и развоен потенцијал, како што потврдуваат и истражувањата.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Во прегратка, детето не само што добива физичка блискост, туку и чувство на сигурност, прифаќање и безусловна љубов.

Тоа е моментот кога детето чувствува дека не е само и дека има некој што го штити и разбира, дури и кога зборовите не се потребни.

Раниот физички контакт со родителот игра клучна улога во развојот на емоционалната стабилност. Кога детето ја чувствува прегратката на родителот, нивото на стрес во неговото тело се намалува, а чувството на смиреност и доверба се зголемува.

Ова чувство на сигурност станува основа врз која детето подоцна гради односи со себе и со другите.

Децата кои растат во топлина и блискост полесно развиваат самодоверба, отпорност и способност за формирање здрави врски.

Научниците исто така потврдија дека прегратката е еден од најдобрите „лекови“ за благосостојба, за чувство на сигурност и топлина.

Студија на Универзитетот Тохо во Јапонија докажа дека за децата – особено за оние под три години – најдобриот лек е прегратка од мајката или таткото.

Ова беше докажано во експеримент во кој беа вклучени родители со нивните четиримесечни бебиња.

Детските срца почнале да чукаат побавно и помирно во прегратките на мајката или таткото, додека тоа не се случувало со странци.

Се вели дека подолгиот интервал помеѓу две отчукувања на срцето укажува на поголем степен на опуштеност кај децата.

„Оваа студија покажа дека родителските прегратки играат важна улога во раниот развој на детето и во создавањето врска со родителите. Знаевме дека децата сакаат да бидат прегрнати од своите родители“, изјави главната авторка на студијата, професорката Сашин Јошида од Универзитетот Тохо во Јапонија, додавајќи: „Но ние, како научници, бевме изненадени колку малку всушност знаеме за влијанието на прегратките врз децата“.

За време на студијата, група научници ги набљудувале родителите и нивните бебиња помали од една година, проверувајќи го нивниот срцев ритам додека ги прегрнувале.

Тие исто така го провериле отчукувањето на срцето на бебињата кога непознато лице ги држело наместо родителот.

Резултатите од студијата заклучија дека само прегратка од еден од родителите има смирувачки ефект врз бебето.

Иако малите бебиња сè уште не зборуваат, оваа студија покажа дека тие веќе можат да ги препознаат своите родители преку прегратка, рече Јошида, препорачувајќи родителите никогаш да не се сомневаат дека нивното дете може да ја почувствува нивната наклонетост и топлина преку допир.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ