вторник, 9 декември 2025

Зошто полесно памтиме „убави“ зборови?

Зборовите што звучат пријатно полесно се памтат, според истражување на Универзитетот во Виена.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Измислени зборови како „клижс“, „есмејнијас“ и „дрикијас“ им беа презентирани на околу стотина англиски говорници за да се испита како самиот звук, независно од значењето, влијае на перцепцијата на зборовите.

Тие, исто така, испитале дали пријатноста на звуците влијае врз тоа колку лесно можат да се научат зборовите.

Учесниците прегледале разни лажни зборови кои биле дизајнирани да бидат „убави“, „неутрални“ или „неубави“.

Прво од нив било побарано да ги научат и запомнат зборовите, потоа да се сетат на нив и на крај да оценат колку се убави.

„Откривме дека зборовите што учесниците најдобро ги запомнија беа и оние што ги оценија како најубави“, изјави раководителот на студијата Тереза Мецингер.

Резултатите укажуваат на тесна врска помеѓу памтењето и еуфонија – или убавина на звукот.

„Останува да се види дали подобро ги паметиме работите затоа што ги сметаме за убави, или ги сметаме за убави затоа што можеме подобро да ги паметиме“, рече професорката од Универзитетот во Виена.

Врската помеѓу естетската перцепција и способноста за учење јазик би можела да влијае врз учењето странски јазици, маркетиншките стратегии и промената на јазикот низ генерации.

„Одредени звучни обрасци можат да опстанат во јазиците бидејќи звучат пријатно, додека други можат да исчезнат бидејќи ги сметаме за помалку привлечни“, додаде Мецингер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ