сабота, 6 декември 2025

Зошто никогаш не треба да спиете на стомак?

Многу луѓе не обрнуваат внимание на тоа како спијат, но постои една положба што задолжително треба да ја избегнувате, бидејќи може да предизвика одредени последици.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Според Бенден Хелт, поголемиот дел од луѓето спијат на десна страна, но најдобро е да спијат на лева страна.

Стручњаците исто така препорачуваат спиење на грб со перница под колената и предупредуваат дека спиењето на стомак може да доведе до здравствени проблеми.

Д-р Шерил Литгоу предупредува дека спиењето на стомак може да го оштети ‘рбетот, зглобовите и нервите, што доведува до хронични болки во вратот и грбот.

Оваа положба може да го зголеми и ризикот од респираторни проблеми поради дополнителната тежина на белите дробови и другите респираторни органи.

„Позициите на спиење кои вршат прекумерен притисок врз ‘рбетот, како што се лежење на стомак или свиткување во положба на фетус, можат да ја влошат физичката непријатност.

„Овие позиции често водат до неправилна положба на ‘рбетот и зголемен притисок врз вратот и долниот дел од грбот, што потенцијално резултира со хронична болка и нарушен сон“, рече докторот.

Од друга страна, спиењето на лева страна се смета за најздраво бидејќи го подобрува варењето и циркулацијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ