недела, 6 април 2025

Зошто не слабеете и покрај тоа што внесувате помалку калории?

Многу луѓе кои сакаат да го намалат вишокот килограми се потпираат на калориски дефицит и кардио тренинг, но нутриционистката Софи Тротман предупредува дека без доволна мускулна маса, диетата можеби нема да го има посакуваниот ефект.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

„Мускулите согоруваат повеќе калории отколку масното ткиво, дури и додека седите“, објаснува Тротман. Ако имате мала мускулна маса, слабеењето може да стане многу тешко. Покрај тоа, строгиот калориски дефицит може да го забави вашиот метаболизам бидејќи телото влегува во состојба на зачувување на енергијата, пренесува Дејли мејл.

Затоа, таа советува во рутината да се додаде и тренинг за сила. Двапати неделно е доволно за да се стимулира растот на мускулите и да се забрза метаболизмот.

Иако технички јадеме помалку, постојат голем број фактори кои можат да нè саботираат:

Скриени калории: Сосовите, преливите и пијалаците често содржат повеќе калории отколку што мислиме.

Стрес и лош сон: високите нивоа на кортизол и нарушените хормони за глад (лептин и грелин) може да поттикнат задржување на маснотии и зголемена желба за храна.

Хормонални нарушувања: Проблемите со тироидната жлезда или отпорноста на инсулин може значително да го забават губењето на тежината. Ако се сомневате дека има такви нарушувања, задолжително консултирајте се со лекар.

Лекови: Одредени антидепресиви и хормонски терапии, исто така, може да го отежнат губењето на тежината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ