На социјалните мрежи веднаш започнаа дискусии за тоа зошто Макрон носи очила за сонце додека држи говор пред присутните, а дел од коментаторите забележале дека не ги симнувал дури ни додека позира со други политичари.
Сепак, зад необичниот потег не стои моден избор, туку, како што се чини, здравствена причина. Неколку дена претходно, за време на новогодишното обраќање до припадниците на француските вооружени сили на југот на земјата, десното око на Макрон беше видливо црвено и отечено.
Во таа прилика, рече дека му е жал за тоа и нагласи дека станува збор за „сосема безопасен“ здравствен проблем.
Тој се обиде да ја ублажи ситуацијата со шега, споредувајќи го изгледот на окото со песната „Око на тигар“, алудирајќи на решителност и борбен дух. Сепак, неговото појавување во Давос со очила предизвика низа коментари и шпекулации, пренесува хрватскиот портал Индекс.
Неговата канцеларија соопшти дека изборот да носи очила за сонце за време на говорот, кој се одржал во затворен простор, бил за да ги заштити очите поради пукнат крвен сад.






