Храна како артичока, зелка, бриселското зелје и грејпфрутот се богати со фитохемикалии – растителни соединенија кои имаат антиоксидантно и антиинфламаторно дејство и помагаат во заштитата на организмот.
Горчливата храна го стимулира лачењето на дигестивните сокови и ензими, што го олеснува разградувањето на храната. Со активирање на рецепторите на јазикот, се стимулира и производството на плунка, што дополнително го подобрува варењето на храната. Редовната консумација може да помогне при надуеност, печење во пределот на градите и бавен метаболизам.
Растителните соединенија како полифенолите придонесуваат за подобра чувствителност на инсулин. Ова значи дека телото поефикасно го регулира нивото на шеќер во крвта, што е особено важно за луѓето кои се изложени на ризик од дијабетес тип 2. Истражувањата покажуваат дека горчливиот зеленчук може да има значително позитивно влијание врз метаболизмот.
Горчливата храна, особено од семејството на крстовиден зеленчук (брокула, карфиол, кељ), содржат моќни антиоксиданти кои ги штитат клетките од оштетување и можат да го намалат ризикот од одредени болести, вклучително и некои видови рак.






