среда, 9 јули 2025

Зомби сателит испраќа мистериозен сигнал по речиси 60 години тишина: Научниците не можат да откријат зошто

Научниците минатата година открија силен, мистериозен радио сигнал од нашата галаксија. Сега тие утврдија дека сигналот е испратен од одамна неактивен сателит на НАСА, но сè уште не знаат зошто или како.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Сателитот „Релеј 2“ беше лансиран во 1964 година, но беше исклучен во 1967 година откако два од неговите уреди откажаа, објави „ЛајвСајнс“. Речиси 60 години подоцна, во јуни 2024 година, сателитот испрати неочекуван сигнал, велат истражувачите во студија објавена на серверот за претпечат, што значи дека сè уште не е рецензирана од колеги.

„Тоа е многу силен радио сигнал кој накратко засени сè друго на небото“, изјави за Њу Сајанстист Кленси Џејмс, професор на Институтот за радио астрономија на Универзитетот Кертин.

Мистериозниот сигнал траел само 30 наносекунди, што не се совпаѓало со ниту еден од мртвите сателитски системи, што значи дека не бил намерен сигнал. Телескопите утврдиле дека сигналот не доаѓа од далечна галаксија, туку од внатрешноста на Млечниот Пат. Мистериозниот сигнал потекнува од место толку блиску до Земјата што не можеле да го идентификуваат.

„Бевме возбудени, мислејќи дека откривме нов пулсар или нешто слично“, изјави Џејмс.

Меѓутоа, со тек на време беше утврдено дека Релеј 2, сега наречен зомби сателит, бил единствениот можен извор на сигналот. Научниците веруваат дека тоа било или електростатско празнење од сателитот или ненадеен наплив на електрична енергија, но не знаат која е причината за тоа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ