петок, 16 јануари 2026

Зои Салдана е најплатена актерка

Скарлет Јохансон е симната од тронот на кој се најде како најплатена филмска актерка на сите времиња, нова лидерка на листата е ѕвездата на филмовите „Аватар“, Зои Салдана.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Последното, трето остварување од научно-фантастичната сага на Џејмс Камерон „Аватар: Оган и пепел“ е одговорен за искачувањето на Салдана на листата на најплатени актерки на сите времиња.

Благодарение на ангажманот во оваа франшиза, но и на улогите што ги оствари во филмовите на Марвел и „Стар Трек“, се најде на првото место со 15,46 милијарди долари, додека Јохансон сега е на второто место со заработка од 15,40 милијарди долари.

Од друга страна, најплатен филмски актер е Семјуел Л. Џексон, кој досега има заработено 14,6 милијарди долари, неговите приходи се двојно поголеми од колегите кои го следат на листата.

Салдана стана позната на почетокот на 2000-та година, кога почна да добива улоги во големи буџетски остварувања.

Во 2016 година, актерката се приклучи на актерската екипа на „Чувар на галаксијата“ каде го толкува ликот на Гамора. Оваа хероина ѝ овозможи да игра во уште две продолженија, како и во најголемите филмови на Марвел „Авенџерс: Бесконечна војна“ и „Авенџерс: Крајна игра“, кои исто така се наоѓаат на листите на филмови со најголема заработка.

Покрај ангажманот во комерцијални филмови, Салдана минатата година освои Бафта, Златен глобус и Оскар за улогата во драмата на шпански јазик „Емилија Перез“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ