Ова го соопшти Одделот за археологија при Цивилната управа на КОГАТ во Министерството за одбрана, која управува со цивилните работи на Западниот Брег.
На едната страна од монетата се наоѓа крст, а на другата портрет на византискиот император Ираклиј, кој владеел помеѓу 610 и 641 година од нашата ера, пренесува денес Тајмс оф Израел.
Откритието беше објавено вчера, на Бадник според Грегоријанскиот календар, но во соопштението не е наведено кога артефактите биле првпат откриени.
Манастирот Хирканија бил запуштен кон крајот на 8-ми или почетокот на 9-ти век од нашата ера.
Тековните ископувања ги води Одделот за археологија во соработка со Еврејскиот универзитет во Ерусалим.
„Наодите откриени во Хирбет Хирканија одразуваат важно поглавје од византискиот период и раната христијанска традиција во регионот“, изјави раководителот на Одделот за археологија при Цивилната управа, Бенџамин Хар-Евен.






