петок, 12 декември 2025

Жените со најдолг животен век достигнуваат 87,13 години

Јапонските жени имале најголем животен век во светот во 2024 година, што е четврта деценија по ред како тие се на првото место, покажуваат официјалните податоци објавени денеска. Нивниот просечен животен век бил 87,13 години, што е мало намалување од 0,01 година во споредба со 2023 година, пренесува Кјодо.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Очекуваниот животен век на мажите остана непроменет – 81,09 години, но нивната позиција на глобалното рангирање падна од петто на шесто место, соопшти јапонското Министерство за здравство, труд и социјална помош.

По Јапонија на глобалното рангирање за жени следуваат Јужна Кореја со 86,40 години и Шпанија со 86,34 години. Кај мажите, Шведска е на прво место со 82,29 години, по што следат Швајцарија со 82,20 и Норвешка со 81,59 години, соопшти министерството.

Очекуваниот животен век и за мажите и за жените се намали во 2021 и 2022 година, главно поради влијанието на пандемијата на ковид-19, но се зголеми во 2023 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ