вторник, 15 јули 2025

Земја со 17 милиони жители и дури 23 милиони велосипеди

Во Холандија, велосипедот не е само превозно средство, туку неопходен дел од секојдневниот живот на граѓаните од сите возрасти, од седум до седумдесет години.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Земјата со 17 милиони жители поседува дури 23 милиони велосипеди. Според податоците на Сојузот на холандски велосипедисти, Холандија има 2,3 отсто од вкупно една милијарда велосипеди во светот.

Секоја година во земјава се продаваат околу милион нови велосипеди, додека поголемиот дел од жителите користат половна опрема. Велосипедот се користи за различни намени: 31 отсто за одмор, 22 отсто за одење на работа, 18 отсто за училиште и 14 отсто за пазарење.

Холандија, исто така, има добро развиен систем за изнајмување велосипеди, со околу 22.000 велосипеди достапни на повеќе од 300 локации. Сепак, годишно се пријавуваат околу половина милион кражби на велосипеди.

Во 2018 година, Генералното собрание на Обединетите нации го прогласи 3 јуни за „Светски ден на велосипедот“ со цел да ја промовира неговата употреба. Во Европа, каде што културата на возење велосипед е силно вкоренета, Холандија е позната како „земја на велосипеди“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ