петок, 12 декември 2025

Зебри трчаа низ Минхен

Две зебри се повторно фатени и вратени во циркусот во Минхен откако избегале, соопшти градската полиција.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Контролниот центар на градот во вторникот добил дојава дека животни биле забележани во близина на основно училиште, изјави портпаролот на полицијата, додавајќи дека набрзо испратиле патрола по нив, но пргавите зебри успеале да им побегнат.

Подоцна, полицијата соопшти дека откако констатирале дека циркус се наоѓа недалеку од училиштето, заклучиле дека оттаму избегале, изјави портпаролот на полицијата.

Во меѓувреме, вработените во циркусот успеале да ги фатат животните. Зебрите на крајот биле придружувани во оградениот циркуски простор во придружба на патролно возило.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ