Во едно истражување спроведено во САД, 25 доброволци биле замолени да се прилагодат на поздрав начин на живот, а по споредбата на почетната состојба и на крајот на истражувањето, беше утврдено дека нивото на тој ензим се зголемило во просек за околу 29 проценти.
Фактори како што се пушењето, дебелината и седечкиот начин на живот се поврзани со намалено производство на овој ензим и забрзано стареење на клетките.
„Резултатите од ова истражување треба да бидат силен мотив за луѓето да започнат со поздрав начин на живеење и да воведат промени во него. Ако сакате да стареете побавно, ова е од суштинско значење за вашиот живот“, изјави професорот Дин Орниш, раководител на истражувањето.






