СПФ (фактор за заштита од сонце) покажува колку долго можете да останете на сонце без да изгорите, во споредба со тоа да не носите никаква заштита. СПФ 30, на пример, блокира околу 97 отсто од УВ зраците, додека СПФ 50 блокира околу 98 отсто. Разлика има, но не е огромна.
Погрешно е мислењето дека заштитен фактор 50 значи дека сте „недопирливи“ на сонце. Ниту еден крем не обезбедува 100 отсто заштита. Освен тоа, повисок заштитен фактор не значи подолга заштита доколку не ја обновувате кремата на секои 2 часа или после пливање и потење.
СПФ 15 – Доволно е само ако сте на сонце кратко време (до 15 минути), наутро или доцна попладне и ако имате потемен тен.
СПФ 30 – Златна средина. Се препорачува за повеќето луѓе за секојдневна заштита во градот.
СПФ 50 – Идеален за светла кожа, деца, луѓе склони кон пеги, изгореници од сонце или оние кои поминуваат долго време на директна сончева светлина (плажа, планини).
Подобро е да користите заштитен фактор 30 секој ден, отколку да имате заштитен фактор 50 на полицата, а да го нанесувате само „кога гори асфалтот“. Клучот е во конзистентноста, количината и обновувањето – не само бројот на пакувањето.