Оваа година фестивалот се одржува 82 пат по ред и ќе биде домаќин на некои од најголемите ѕвезди на Холивуд, како што се Џорџ Клуни, Џулија Робертс и Двејн Џонсон.
Директорот на фестивалот Алберто Барбера изјави дека новиот филм на Сорентино „Ла Грација“ е неочекуван ако се спореди со неговите претходни дела.
Сорентино се прослави со филмот „Големата убавина“, за кој освои Оскар во 2014 година. Првпат се појави на Венецискиот филмски фестивал пред 24 години, со филмот „Дополнителен човек“.
Многу премиери во Венеција подоцна се номинирани за Оскар, а и ги освоиле неколку пати, пренесува Бета.
Главната натпреварувачка програма, покрај новиот филм на Сорентино, вклучува уште 20 филмови, меѓу кои „Франкенштајн“ на Гилермо дел Торо и „Машина за кршење“ на Бени Сафди.






