среда, 4 март 2026

Заморот е во главата: Што вели науката за тоа како перцепцијата на спиењето влијае на енергијата

Со години се веруваше дека за повеќе енергија е доволно да се спие подолго, но новото истражување сугерира дека времетраењето на спиењето не е пресудно.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Клучна улога има нашата перцепција на сонот, односно уверувањето дека добро сме се наспале.

Идејата дека начинот на размислување може да влијае на физичките состојби е позната преку плацебо ефектот, во кој лицето доживува вистински физиолошки промени по неактивен третман. Токму со овој принцип истражувачите се обидоа да објаснат како искуството со спиењето може да влијае на чувството на замор.

Истражувањата покажаа дека позитивната физичка активност може да ја подобри перцепцијата на спиењето, речиси како да сме добиле еден час дополнителен одмор. Никол Танг, професорка по психологија на Универзитетот во Вустер, објасни: „Кога разговарате со луѓето за квалитетот на спиењето, сите мислат дека точно знаат за што се работи“.

Во едно дополнително истражување на 119 возрасни лица, учесниците го оценувале квалитетот на својот сон на секои два часа, а повеќе од 90 проценти од нив ја промениле својата оценка барем еднаш во текот на денот. Танг забележала: „Кога луѓето се занимавале со некаков вид позитивна физичка активност, нивните оценки за квалитетот на спиењето се зголемувале“.

Во претходна студија, Танг и нејзините колеги анализирале 100 испитаници – оние кои спијат добро и оние кои лошо спиеле – за да споредат различни сценарија на спиење. Покрај ноќните фактори, учесниците го поврзувале и квалитетот на спиењето со „нивото на физичка активност, расположението, социјалните вештини и способноста за јасно размислување“.

Тоа покажало дека проценката на сонот не зависи само од тоа што се случува во текот на ноќта. Перцепцијата се менува во зависност од тоа како се чувствуваме и колку сме активни во текот на денот.

Танг предупредува дека наодите не нудат универзално решение за сите проблеми со спиењето. Сепак, таа истакнува дека ако постојано веруваме дека лошо сме спиеле, всушност би можеле да се чувствуваме уште поуморни.

Покрај редовната физичка активност, се препорачуваат и добри навики како што се избегнување на екрани пред спиење, правилна исхрана и изложеност на утринска светлина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ