сабота, 6 декември 2025

Зачини што треба да почнете да ги користите во вашата кујна

Здравата храна не мора да биде безвкусна. Зачинете ја со овие зачини и направете го вашиот здрав оброк уште поздрав.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Куркума е зачин со жолта боја. Долго време се користела за лекување на различни болести (артритис, болести на цревата и превенција на рак). Активната состојка во куркумата е куркумин.

Бибер се користи во сите култури. Има антиоксидантни и антибактериски својства и може да помогне при губење на килограми бидејќи го поттикнува разградувањето на масните клетки.

Ѓумбирот е еден од поважните здрави зачини. Се користи како лек за ублажување на мачнина и има анти-воспалително и антиоксидативно делување. Исто така, се користи како билен лек за настинка и грип.

Лукот содржи витамини Ц, Б6, како и селен. Лукот помага во спречување на срцеви заболувања и рак. Една од најмоќните состојки во лукот е алицинот, кој го намалува крвниот притисок и инсулинот, исто така спречува и зголемување на телесната тежина.

Ориганото е одличен медитерански зачин кој има силни антиоксидантни и антибактериски својства. Ориганото помага во лекување на бронхитис, цревни проблеми, грчеви и метаболички нарушувања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ