петок, 12 декември 2025

Забраната за мобилни телефони ја подобрува концентрацијата кај учениците

Забраната за мобилни телефони и други електронски уреди во холандските училишта ја подобри концентрацијата кај учениците, покажа истражување нарачано од холандската влада.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Три четвртини од 317 средни училишта кои беа дел од ова истражување изјавија дека забраната позитивно влијаела на концентрацијата на учениците. Покрај тоа, речиси две третини забележале подобрување на социјалната клима во нивните училишта, а една третина забележала подобри постигнувања на учениците.

Помалку одвлекување на вниманието, повеќе внимание кон часот и повеќе дружељубиви ученици. Фактот што повеќе нема мобилни телефони во училницата има позитивни ефекти. Одлично е што училиштата придонесуваат за ова прашање – изјави државниот секретар за основно и средно образование Мариел Пол.

Забраната стапи на сила од 1 јануари 2024 година, а се однесува и на основните училишта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ