четврток, 15 јануари 2026

Забавен парк вреден милијарда долари со најбрзата луда железница во светот (ВИДЕО)

За време на новогодишната ноќ, во Саудиска Арабија беше отворен најголемиот забавен парк – Сикс Флегс, кој може да се пофали со највисоката и најбрза луда железница во светот Фалконс флајт.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Забавниот парк се наоѓа во Кидија, недалеку од Ријад, а вреди – ниту помалку ниту повеќе – туку милијарда долари. Исто така претставува дел од амбициозниот план овој регион да стане глобален центар за игра, спорт, забава и култура.

Покрај забавниот парк Сикс Флегс, Кидија во следните фази ќе добие и воден парк „Акварабија“, тематски парк посветен на универзумот на „Драгон Бол“, авто-мото спортски објекти и други содржини.

По завршувањето на дополнителните фази од проектот до 2030 година, се очекува да се создадат околу 85.000 работни места, додека придонесот кон бруто домашниот производ се проценува дека ќе достигне 44 милијарди саудиски ријали (околу 11,7 милијарди долари).

Посетителите на Сикс Флегс можат да истражуваат шест уникатни тематски светови, од кои секој нуди уникатна приказна и искуство. Паркот располага со вкупно 28 возења и атракции, вклучувајќи пет возења што соборуваат светски рекорди, 10 интерактивни игри и 18 атракции погодни за семејства.

Посебна атракција е Фалконс флајт, најголемиот, најдолгата и најбрза луда железница во светот. Со висина од 195 метри и максимална брзина од 250 км/ч, ова возење е предизвик само за најхрабрите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ