За Рита Ора македонскиот ајвар „Перустија“ е дел од нејзиното секојдневие во Нов Зеланд
Светската музичка ѕвезда Рита Ора, која веќе неколку години живее во Австралија, пријатно ги изненади своите следбеници од Балканот со една фотографија од нејзината последна објава на својот Инстаграм профил. Таа за време на нејзината посета на Нов Зеланд објави фотографија од полица преполна со тегли од познатиот бренд „Перустија“, сопственост на штипската фабрика „Ларс“. „Малку од ова, малку од она“, напиша Ора за деликатесот од нејзиниот избор при секојдневното пазарување.

Објавено на
часот





