Иако се многу слатки и полни со природни шеќери, 100 грама смокви имаат околу 60 калории, а покрај сето тоа, полни се со железо, фосфор, калиум, калциум, магнезиум, витамини Б6, Е, Ц и витамин А, како и бета-каротен, па затоа можат да ги консумираат дури и оние кои внимаваат на својата тежина.
Сепак, луѓето кои страдаат од зголемен дијабетес или сакаат да ослабат не треба да консумираат смокви во големи количини.
Покрај тоа, ова овошје е полно со калциум, дури и повеќе од млекото, а магнезиумот содржан во смоквите е ефикасен против висок крвен притисок, ПМС и несоница.
Не е без причина што ова овошје се нарекува вистинско богатство на здравјето, особено поради тоа што содржи големи количини растворливи и нерастворливи влакна. Токму нерастворливите влакна играат важна улога во редовното празнење на цревата бидејќи врзуваат вода, што во крајна линија е форма на превенција од рак на дебелото црево.
Студиите исто така покажаа дека растворливите влакна помагаат во намалувањето на холестеролот во крвта и спречувањето на рак на белите дробови. Само пет смокви дневно обезбедуваат повеќе од 20 проценти од препорачаната дневна количина на влакна.






