недела, 6 јули 2025

Возењето во лето е поопасно отколку што мислите

На температура од 35 Целзиусови степени, можноста да се направи сообраќајна грешка се зголемува за 30 отсто.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Температурите над 30 степени предизвикуваат разни проблеми кај многумина, а кога ќе седнеме зад воланот, целата ситуација станува многу поопасна.

Истражувањето на британскиот универзитет во Лафборо покажа вознемирувачки факт – ако не пиете соодветна количина вода на високи температури, ќе бидете во иста состојба како да имате 0,8 г/л алкохол во вашето тело.

Други истражувања ги испитувале екстремната топлина и реакциите во сообраќајот. На температура од 35 степени, можете да превидите до 20 отсто од сообраќајните знаци, а можноста за сообраќајна грешка се зголемува за 30 отсто.

Затоа, намалете ја температурата во возилото со користење на клима уредот (не претерувајте со премногу ниска температура, бидејќи и тоа не е здраво), пијте доволно вода и носете лесна облека. Направете пауза на патот и проветрете ја кабината пред повторно да тргнете.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ