недела, 13 јули 2025

Возач на Шпанските скали во Рим (ФОТО)

Осумдесетгодишен Италијанец се движел со својот автомобил по Шпанските скали во Рим, кои се под заштита на УНЕСКО. Тие се еден од најпознатите споменици во светот, инцидентот повторно ја разгоре дебатата за недоволната заштита на локацијата.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Полицијата го пронашла возачот на скалите, автомобилот подоцна бил отстранет со помош на пожарникари. Возачот не бил повреден и тестот за алкохол бил негативен.

Инцидентот се случил во вторникот во раните утрински часови. Против возачот е поднесена пријава.

Познатите скалила, дело на архитектот од 18 век, Франческо де Сантис, и претходно биле цел на слични инциденти. Горниот дел од скалите води кон улица која не е затворена за сообраќај, што дозволува вакви несакани ситуации.

Пред три години, еден саудиски инженер исто така со својот изнајмен автомобил се спуштил по скалите и ги оштетил. Тој беше идентификуван со помош на безбедносните камери. Инженерот тврдеше дека само ги следел упатствата на ГПС уредот.

УНЕСКО и градските власти во Рим повторно разгледуваат дополнителни мерки за заштита на ова историско место.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ