Трејлерот откри возбудливи сцени од омиленото дуо од серијата Мандалоријан – Дино Џарин, кој повторно го игра Педро Паскал, и неговиот незаменлив придружник Грогу, попознат како Бебе Јода. Филмот го режираше Џон Фавро, креаторот на оригиналната серија на стриминг сервисот Дизни+, во кината ќе се прикажува од 22 мај 2026 година, на самиот почеток на летната филмска сезона, пренесува Индекс.
Трејлерот, кој во најголем дел е придружен со музиката на Лудвиг Јорансон, носи спој на акција, носталгија и хумористични моменти. Ги гледаме Мандалоријан и Грогу во напнати битки против роботски непријатели и вонземјани, но и во комични сцени, како онаа во која Грогу се обидува да украде храна користејќи ја Силата.
Помеѓу новите лица, се издвојуваат Сигурни Вивер, која ја толкува улогата на женскиот пилот и Џереми Ален Вајт во улогата на Рот Хатот, синот на озлогласениот Џаба Хат. Покрај новите херои и негативци, филмот ќе вклучува и ликови од поширокиот универзум на „Војна на ѕвездите“, како што се ликовите од анимираната серија „Војна на ѕвездите: Бунтовници“.
„Мандалоријан и Грогу“ е исто така првиот филм од франшизата „Војна на ѕвездите“ по „Подемот на Скајвокер“ од 2019 година, кој заработи повеќе од 1 милијарда долари, но ги подели критичарите и публиката.
Покрај Фавро, на филмот работат и Кетрин Кенеди (претседател на Лукасфилм) и Дејв Филони, долгогодишниот креативен ум зад анимираната серија „Војна на клоновите“.






