Добро е познато дека Швеѓаните се еколошки и технички напредна нација. Но, нивниот најнов технолошки проект ги изненади сите и секако е голема вест во еколошките технологии.
Имено, во еден дел од Стокхолм, поточно во населбата Скарпнак, се гради голема база на податоци. Секој што поседува компјутер знае колку топлина произведува, но веројатно никому никогаш не му паднало на памет дека оваа енергија може да се искористи за загревање на куќа!
Швеѓаните штотуку сфатија и дојдоа на идеја да ја искористат таа инаку бескорисна енергија. Тие ќе ја користат топлинската енергија од компјутерите за да загреат околу 30.000 домаќинства.
Целиот проект го води компанијата Фортум, а според нивните предвидувања, компјутерите во иднина би можеле да загреваат повеќе од 10 отсто од куќите и зградите. Поради оваа причина, градските советници одлучија да се отворат повеќе компјутерски центри во Стокхолм.
Главниот град на земјата, чиј слоган е „во чекор со времето“, сега ќе стане уште понапреден од еколошки аспект.






