сабота, 5 јули 2025

Во Кина е завршен највисокиот мост во светот: Повисок е од Ајфеловата кула (ВИДЕО)

Највисокиот мост во светот е завршен во кинеската провинција Гуиџоу –Грандиозниот мост над кањонот Хуаџианг.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Импозантната градба се издига над реката Бејпан и нејзиното корито на височина од 625 метри, што е повисоко дури и од Ајфеловата кула и Светскиот трговски центар во Њујорк.

Мостот е долг речиси три километри, додека главниот распон е 1.420 метри. Тежи над 22.000 тони и го намалува патувањето низ длабокиот кањон од 70 минути на само две.

Изградбата траеше три години, а мостот веќе се смета за едно од техничките чуда на современото инженерство.

Неговиот дизајн не е само функционален, туку и елегантен – може да издржи силни ветрови и нуди прекрасен поглед на драматичниот пејзаж. Мостот ќе нуди и туристички содржини како што се стаклена платформа за набљудување, кафулиња и адреналински атракции.

Свеченото отворање за сообраќај се очекува во наредните недели.

Со овој проект, Кина уште еднаш ги потврдува своите инфраструктурни амбиции и покажува дека ниту најпредизвикувачките терени не се пречка за технолошки напредок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ