Според официјални лица, градот, кој се наоѓа во водите на заливот Абу Кир, би можел да биде продолжение на античкиот град Канопус, кој бил важен центар за време на династијата Птоломеј, која владеела со Египет речиси 300 години, како и на Римската империја која владеела со земјата околу 600 години, пренесува Гардијан.
Со текот на времето, градот потонал поради земјотреси и подигање на нивото на морето. Крановите полека ги извлекувале статуите од длабочините, на некои од нив се претставени кралски фигури и сфинги, од кои едната го носи ликот на Рамзес Втори, еден од најпознатите фараони.
На оваа локација беа пронајдени и трговски брод, камени сидра и пристаниште долго 125 метри кое се користело сè до византискиот период.
Министерот за туризам на Египет, Шериф Фати, изјави дека голем дел е под вода, но и дека само ограничен дел од него може да се извади на површина.
„Останатото ќе продолжи да биде дел од нашето потонато наследство“, рече тој.






