среда, 4 март 2026

Во дождовната шума во Перу откриена црно-жолта пеперутка: Именувана по познат фудбалски клуб (ФОТО)

Црно-жолта пеперутка е откриена во дождовната шума во Перу. Инсектот официјално е наречен Ваневритија борусијадортмунд (Vanewrightia borussiadortmund), по познатиот германски фудбалски клуб Борусија Дортмунд.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Пеперутката, со распон на крилја од околу три сантиметри, првпат е опишана пред неколку години во Амазон и се смета за редок вид бидејќи досега се забележани само четири примероци, пренесува Билд.

Иницијативата потекнува од биологот од Дортмунд и долгогодишен член на фудбалскиот тим Борусија Дортмунд, Петер Клаусмаер, кој сакал да ја поврзе својата љубов кон клубот со заштитата на природата.

Клаусмаер го купил името со донација на организацијата Биопат, чии приходи одат за истражување и мерки за заштита на биолошката разновидност во земјите на потекло на видот. Тој платил 2.800 евра за правото да ја именува пеперутката.

Црно-жолтата боја на пеперутката наликува на дресот на клубот, а според биологот, жолтите крилја веројатно служат за одвраќање на грабливците.

Клаусмаер истакнува дека ваквото спонзорство ѝ помага на науката, бидејќи секоја година се откриваат околу 10.000 нови видови растенија и животни, а истражувачите бараат начини како финансиски да го обезбедат описот и проучувањето на новите видови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ