четврток, 22 мај 2025
200.000 убоди и 133 смртни случаи регистрирани минатата година

Во Бразил рекордно зголемување на бројот на скорпии

Најновото истражување покажа дека во Бразил, поради забрзаната урбанизација и климатските промени, има рекордно зголемување на бројот на скорпии и луѓе искасани од овие членконоги, пренесуваат медиумите.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Во периодот меѓу 2014 и 2023 година се забележани повеќе од 1,1 милион убоди од скорпии, што е зголемување за дури 250 отсто во однос на претходните години, покажуваат податоците на бразилските здравствени служби, се наведува во истражувањето.

Ваквото зголемување се припишува на забрзаната и непланирана урбанизација и појавата на фавели населби, кои се карактеризираат со густа населеност и лош систем за отстранување на смет, посочуваат научниците.

За растот на популацијата на скорпии придонесуваат и високите температури и сушите кои се интензивираа поради климатските промени, пренесува Гардијан.

Прелиминарните податоци за 2024 година покажуваат дека 200.000 лица биле каснати од скорпии во Бразил, регистрирани се 133 смртни случаи.

Истражувачите предупредуваат дека вистинските бројки се повисоки бидејќи многу луѓе ги лекуваат убодите дома и не бараат медицинска помош.

Научниците предвидуваат дека овој проблем само ќе се влоши во иднина и дека ќе има дури два милиони каснувања од скорпија помеѓу 2025 и 2033 година.

Истражувачите навеле дека во 0,1 отсто од случаите убодот од скорпија е смртоносен, а најранливи се децата и постарите лица.

Бразилскиот здравствен систем обезбедува бесплатен третман во случај на напад на скорпија, научниците предупредија дека луѓето кои ќе го доживеат ова треба веднаш да одат на лекар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ