Ерсој откритието го објави на турската социјална мрежа ЕнСосијал, истакнувајќи дека фибулата, која потекнува од раното бронзено време, се смета за „едно од најважните откритија на минатиот век“.
Тој изјавил дека тоа е еден од само трите познати примероци во светот, а воедно и најдобро зачуваниот.
Артефактите откриени во слоевите на населбата Троја Два датираат од приближно 2.500 година п.н.е. Министерството соопшти дека откритието помага и во решавањето на долгогодишните научни дебати за почетокот на периодот Троја Два.
Troya’da 4 bin 500 yıllık altın broş ve yeşim taşı gün ışığına çıkarıldı!
160 yılı aşkın süredir süren Troya kazılarında, Erken Tunç Çağı’na tarihlenen altın bir halkalı broş ile son derece ender bir yeşim taşı bulundu.
Dünya üzerinde bilinen sadece 3 örnekten en iyi korunmuş… pic.twitter.com/iu5mftHNRh
— Mehmet Nuri Ersoy (@MehmetNuriErsoy) September 27, 2025
Ерсој додаде дека жадот во тоа време се сметал за луксузен предмет. И двата артефакти, заедно со бронзена игла пронајдена во истиот слој, ќе бидат изложени во Музејот на Троја во Чанаккале.
Археолозите ја истражуваат античка Троја повеќе од 160 години. Градот, овековечен во Хомеровите епови „Илијада“ и „Одисеја“, е светско наследство на УНЕСКО од 1998 година и се смета за едно од најважните археолошки локалитети во светот, кое дава увид во раната урбанизација и трговија во Анадолија.
Министерството соопшти дека откритијата ќе „ја осветлат историјата на самото место каде што се живеело“, во согласност со принципот на изложување на артефактите на местото каде што се пронајдени.






