недела, 7 декември 2025

Виното Ла Скола на кралската трпеза во резиденцијата на кралот Чарлс III, отсега и во Македонија

Во Хајгроув хаус , приватната резиденција на неговото височество Кралот Чарлс III во Глостершир, се одржа вечер исполнета со елеганција и италијански дух.

Објавено на

часот

Сподели

Настанот, организиран под мотото „До вечната италијанска култура на добра храна“, беше посветен на уметноста на италијанската гастрономија и концептот на „слоу фешн“, со цел да се потврди длабоката културна и креативна врска меѓу двете земји.

Во оваа вечер посветена на стилот, културата и вкусот, вината на Ла Скола (La Scolca) беа меѓу главните ѕвезди. Познатото Гави деи Гави блек лејбл (Gavi dei Gavi Black Label) беше внимателно избрано за да ги придружува специјалитетите подготвени на гала вечерата, создавајќи совршена хармонија на вкус и елеганција.

Меѓу присутните беа и светски познати имиња како Хелен Мирен, Дејвид и Викторија Бекам, Род Стјуарт, Сиена Милер, како и актерот Стенли Тучи, кој заедно со реномираниот шеф Франческо Маѕеи го подготви специјалното мени за настанот. Во знак на културна поврзаност, речиси сите производи беа од Велика Британија, со исклучок на италијанското маслиново масло и вината Ла Скола, кои беа увезени специјално за оваа пригода.

„Голема чест е да се претставува Италија, мојата земја и мојот регион на настан од ваков ранг,“ изјави Кјара Солдати, извршен директор на Ла Скола и добитник на титулата „кавалере дел лаворо“ (Cavaliere del Lavoro).

„Настани како овој го истакнуваат вистинското значење на италијанската култура – совршен спој на традиција, креативност и занаетчиство. Токму тоа е суштината на концептот „произведено во Италија ( Made in Italy), кој сè повеќе се препознава и цени низ целиот свет.“

Преку Алхемист (Alchemist), љубителите на виното во Македонија можат да го доживеат истиот вкус на италијанска елеганција што го воодушеви и Кралот Чарлс III.
Ла Скола Гави деи Гави (La Scolca Gavi dei Gavi) е, вистински симбол на префинетост и култура на живеење.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ