понеделник, 2 јуни 2025

Вештачка интелигенција на Мајкрософт ги предвидува временските услови побрзо и попрецизно од метеоролозите

Нов модел на вештачка интелигенција наречен Аурора ги надминува сегашните методи во предвидувањето на квалитетот на воздухот, временските обрасци и тропските бури предизвикани од климатските промени.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

„За прв пат, систем за вештачка интелигенција може да ги надмине сите оперативни центри во прогнозирањето на ураганите“, изјави водечкиот автор Парис Пердикарис, вонреден професор по машинско инженерство на Универзитетот во Пенсилванија, пренесува РТС.

Аурора, која е обучена исклучиво врз основа на историски податоци, успеа да ги предвиди сите урагани во 2023 година попрецизно од оперативните центри, како што е Националниот центар за урагани на САД.

Традиционалните модели за прогнозирање на времето се засноваат на физички принципи – како што се зачувување на масата, импулсот и енергијата – и бараат огромна компјутерска моќ.

Сепак, според студијата, трошоците за пресметување за работењето на Аурора биле неколку стотици пати помали.

Овие експериментални резултати доаѓаат по моделот Пангу-Ведер, кинески систем за вештачка интелигенција развиен од технолошкиот гигант Хуавеј во 2023 година, и би можеле да најават промена на парадигмата во начинот на кој главните светски метеоролошки агенции го предвидуваат времето и потенцијално смртоносните екстремни настани поттикнати од глобалното затоплување.

„Верувам дека сме на почетокот на ерата на трансформација во науката за атмосферските системи. Во следните пет до десет години, светиот грал ќе биде да се изградат системи што можат директно да обработуваат податоци од далечински сензори како што се сателити и метеоролошки станици за да генерираат прогнози со висока резолуција за кој било дел од светот“, изјави Пердикарис во видео презентација објавена од Нејчр.

Според неговите креатори, Аурора е првиот модел кој постојано ги надминува седумте центри за прогнозирање во предвидувањето на патеката на разорните циклони во период од пет дена.

На пример, во една симулација, Аурора точно предвидела четири дена однапред каде и кога тајфунот Доксури, кој се смета за најразорниот тајфун регистриран во Тихиот Океан, ќе ги погоди Филипините. Официјалните прогнози за 2023 година од тоа време покажуваа дека тајфунот ќе помине северно од Тајван.

Моделот на Мајкрософт исто така го надмина моделот на Европскиот центар за среднорочни временски прогнози во 92 отсто од времето за глобални 10 дневни прогнози, на скала од приближно 10 квадратни километри.

Европскиот центар за среднорочни временски прогнози, кој изработува прогнози за 35 европски земји, се смета за златен стандард во точноста на временската прогноза.

Во декември, моделот ГенКаст на Гугл ја надмина прецизноста на Европскиот центар во повеќе од 97 отсто од 1.320 климатски катастрофи регистрирани во 2019 година.

Ветувачките, но сепак експериментални изведби, базирани на вистински настани, внимателно ги следи научната и метеоролошката заедница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ