Професионалниот сомелиер Јадранка Клариќ Кимовска маестрално ги водеше
присутните низ винската дегустација, откривајќи ги слоевите, ароматските нијанси и
рафинираните карактери на секое вино.
Посебен престиж ѝ даде на вечерта присуството на Томас Линиер, еxport аrea
мanager во Louis Latour, чие светско искуство и длабоко познавање на Burgundy ја
претвори дегустацијата во автентично патување низ историјата, филозофијата и
значењето на брендот.

Совршено избалансираните кулинарски креации на шеф Џовани го подигнаа
искуството на уште повисоко ниво. Секое јадење беше внимателно осмислено за да го
истакне карактерот на вината.
Организирана од Алчемист (Alchemist) MK, вечерта претставуваше ексклузивен собир за љубителите на фините вина, елегантен, топол и незаборавен.
А по успешната вечер во текот на денешниот ден, Tомас продолжи со активности во
Скопје, давајќи уште поголема тежина на посетата. Прво, тој го посети Wineberry, каде што се сретна со францускиот амбасадор Кристоф де Риголер, во пријатна атмосфера
исполнета со разговори за француската винска култура и соработките на локалниот
пазар.

Потоа, Tомас одржа и винска обука за вината на Louis Latour во Сушико зен, каде
професионалците и љубителите на виното имаа можност да научат уште подлабоки
детали за стилот, филозофијата и препознатливиот печат на овој легендарен бургундски бренд.






