сабота, 5 јули 2025

Валцерот на Штраус денеска патува до сондата Војаџер и меѓуѕвездениот простор

Виенската филхармонија денеска ќе го изведе валцерот на Јохан Штраус „На убавиот син Дунав“, чиј пренос ќе стигне и до сондата Војаџер 1 во меѓуѕвездениот простор

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Концертот ќе се одржи во Музејот на применети уметности во Виена под диригентската палка на Петер Попелка, пренесува Хина.

Програмата вклучува дела инспирирани од вселената, најважниот дел од вечерта ќе биде пренос во реално време на валцер од Штраус до антената за длабока вселена (ДСА 2) на Европската вселенска агенција во Шпанија, изјави Норберт Кетнер, директор на Виенскиот туристички одбор.

Оттаму музиката ќе патува низ вселената со брзина на светлината, до сондата Војаџер 1 на НАСА, која го истражува меѓуѕвездениот простор од 1977 година.

Сигналот ќе ја престигне сондата 23 часа подоцна, продолжувајќи го своето патување низ вселената.

Сите заинтересирани можат симболично да учествуваат во мисијата со приклучување на една од 13.743 ноти на валцерот на Штраус на платформата space.wien.info.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ