Со резимеа на линкови со вештачка интелигенција, корисниците можат да добијат концизни прегледи на споделената содржина директно во Вајбер – без разлика дали станува збор за долг текст, блог, објава или извештај, соопшти Ракутен Вајбер.
Функцијата исто така вклучува автоматски превод, што значи дека, ако јазикот на апликацијата Вајбер е поставен на македонски, а линкот е на англиски јазик, резимето ќе биде прикажано на македонски.
Како што е соопштено, новата функција е бесплатна за сите корисници на Вајбер во сите дописи – во групите, заедниците, каналите и разговорите еден-на-еден.
Технологијата за резиме со вештачка интелигенција обработува само интернет-линкови, никогаш приватни пораки на корисниците, според Ракутен Вајбер.
Сите приватни разговори на се заштитени со целосно енкриптција од крај до крај.
Резимето генерирано со ВИ е видливо само за корисникот кој го активира и не се прикажува на другите учесници во разговорот.






