недела, 7 декември 2025

Утврдено е кога домашната мачка пристигнала во Европа: Според истражувањата многу подоцна отколку што се мислеше

Домашната мачка не живеела во Европа за време на неолитот (новото камено доба), ниту пак пристигнала на Стариот континент со првите земјоделци, мигранти од Левант. Таа пристигнала подоцна, пред околу 2.000 години, од Северна Африка, а потоа се проширила благодарение на движењата на војската на Римското Царство, покажа нова студија.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Меѓународен тим истражувачи, предводен од антропологот Клаудио Отони и биологот Марко Де Мартин од Римскиот универзитет Тор Вергата, ги анализирал геномите на 87 древни и денешни видови мачки, резултатите од истражувањето се објавени во списанието Сајенс, пренесува Анса.

Како што е наведено, претходните генетски студии заклучиле дека африканската дива мачка (Felis lybica lybica), која моментално е широко распространета во Северна Африка и Блискиот Исток, е предок на домашната мачка.

Фактот дека мачките биле погребувани со луѓе пред 7.500 години п.н.е. на Кипар доведе до хипотеза дека тие се припитомиле за време на неолитот во регионот покрај источниот брег на Средоземното Море.

Мачките можеби се користеле за истребување на штетници и глодари кои ги привлекувале житата што се одгледувале во заедниците кои се занимавале со земјоделство. Како што се наведува во студијата, доказите засновани на иконографијата и наоѓалиштата од гробници, кои потекнуваат од 2200 година пред новата ера, сепак укажуваат дека Египет од времето на фараоните е местото на потекло на домашните мачки.

Обидите за припитомување на мачки во Египет можеби потекнуваат уште порано, околу 3700 година п.н.е., за што сведочат остатоците од две возрасни мачки кои заедно со четири мачиња биле закопани на локалитетот Хиеракополис, наведоа истражувачите.

„Нашите наоди укажуваат дека домашните мачки се прошириле неколку векови по неолитот, и тоа најверојатно од Северна Африка“, изјави Отони.

Тој додаде дека постојат најмалку две генетски различни популации на мачки од северноафриканско потекло, од кои едната е дива мачка која пристигнала во Сардинија и е предок на видовите диви мачки што живеат на островот денес. Како што објасни Отони, студијата заклучила дека вториот вид, кој се проширил за време на Римското Царство, придонел за генетското наследство на денешните европски домашни мачки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ