понеделник, 8 декември 2025

Уред со вештачка интелигенција му помага на персоналот во дом за стари лица

Употребата на вештачка интелигенција (ВИ) ги подобрува условите во домовите за стари лица, па затоа во собите на корисниците на еден дом во Франција е инсталиран уред кој може да го предупреди персоналот за непредвидена ситуација, пренесуваат локалните медиуми.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Во дом за стари лица во градот Марсен, мали кутии со интегрирана вештачка интелигенција регистрираат сомнителни звуци или повици од корисници и ги пренесуваат до персоналот, со прецизни информации за тоа од која соба дошол повикот, објави швајцарскиот портал Ртс инфо.

„На тој начин можам да ги информирам моите колеги, и самата да одам во собата за да видам што се случува“, објасни Мелина Валаје, медицинска сестра која работи во овој дом.

Уредот е развиен во Франција и може да препознае и регистрира околу 100 различни ситуации, од кои околу петнаесет бараат интервенција од персоналот, како на пример кога корисникот бара помош или се слушаат сомнителни звуци.

Шефот на персоналот на домот за стари лица, Марио Маседо, вели дека уредот го променил начинот на кој се грижат за старите лица и дека е добро да се има таква алатка што обезбедува дополнителна безбедност. Жил Дебин, коосновач на ОСО-ВИ, која го произведе уредот, рече дека е подобро вештачката интелигенција да испраќа премногу предупредувања отколку да пропушти сериозна ситуација.

Уредот веќе се користи во повеќе од сто домови за стари лица во Швајцарија, Франција, Скандинавија и Јапонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ