вторник, 6 мај 2025

Универзумот можеби ротира, но потребни се 500 милијарди години за една ротација

Една нова научна студија сугерира дека универзумот можеби ротира, но тоа се случува толку бавно што потребни се околу 500 милијарди години за да се заврши една целосна ротација.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Оваа бавна космичка ротација, според научниците, би можела да ја објасни една од најдолговечните загатки на модерната астрономија – таканаречената „Хаблова тензија“.

Студијата беше предводена од астрофизичарот Иштван Сапуди од Институтот за астрономија на Универзитетот во Хаваи, а резултатите беа објавени во списанието „Месечни известувања на Кралското астрономско друштво“.

„Хаблова тензија“ се однесува на проблемот каде што различните методи за мерење на стапката на ширење на универзумот – познати како „Хаблова константа“ – даваат различни резултати, предизвикувајќи конфузија во космологијата. Во новата теорија, дури и минималната ротација на универзумот би можела да влијае на нејзиното ширење на начин што би ги усогласила овие различни вредности, пренесува Индија тудеј.

Според авторите на студијата, ротацијата е толку бавна што не можеш директно да се набљудува со денешните инструменти. Сепак, ефектите од оваа ротација би можеле да се откријат преку компјутерски симулации, што ќе биде следниот чекор во истражувањето, велат научниците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ