вторник, 9 декември 2025

Уметнички дела украдени од нацисти откриени на фотографии од агент за недвижности во Аргентина (ФОТО)

Слика од италијански мајстор, украдена од нацистите од еврејски трговец со уметнички дела во Амстердам, е забележана, повеќе од 80 години откако исчезнала, на веб-страницата на агент за недвижности кој се обидува да ја продаде куќата на починат припадник на СС во Аргентина, пренесува Би-би-си.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

На фотографијата е прикажана „Портрет на дама“ од Џузепе Гисланди како виси над софа во куќа во близина на Буенос Аирес.

Имотот бил сопственост на висок нацистички функционер кој се преселил во Јужна Америка по Втората светска војна.

Сликата, која се наоѓа во базата на податоци за изгубена уметност за време на војна, била пронајдена кога ќерката на функционерот ја ставила куќата на продажба, објави холандскиот весник АД, пренесува Би-би-си.

Ова уметничко дело е меѓу стотиците ограбени од трговецот со уметнички дела Жак Гудстикер, кој им помогнал на други Евреи да избегаат од нацистите за време на војната.

Гудстикер загинал во несреќа на море додека бегал од Холандија. Тој е погребан во Англија.

Повеќе од 1.100 дела од колекцијата на Гудстикер биле купени, на присилна продажба, од страна на високо рангирани нацисти по неговата смрт. Меѓу нив бил и рајх-маршалот Херман Геринг.

По војната, дел од делата беа пронајдени во Германија и се изложени во музејот Ријкс во Амстердам како дел од холандската национална колекција.

Единствениот преживеан наследник на Гаудстикер, снаата Мареј фон Захер, презела 202 дела во 2006 година, пренесува АД.

Но, една слика, портретот на грофицата Колеони, дело на покојниот барокен портретист Џузепе Гисланди, не е пронајдена до денес.

Истрагата на АД откри документи за време на војната кои укажуваат дека сликата била во сопственост на Фридрих Каџиен, офицер на СС и близок финансиски советник на Херман Геринг.

Овој човек од СС побегнал во Швајцарија во 1945 година, потоа се преселил во Бразил, а потоа во Аргентина, каде што станал успешен бизнисмен.

Весникот пишува дека неколку години се обидувале да разговараат со двете ќерки на покојниот нацист во Буенос Аирес за нивниот татко и за исчезнатите уметнички дела, но сè било неуспешно.

Но, новинарите имале среќа кога една од ќерките на Каџиен ја ставила на продажба куќата на нивниот покоен татко, а работата ја презел агент за недвижности специјализиран за скапи аргентински имоти.

„Нема причина да се мисли дека ова би можело да биде копија“, рекоа Анелиз Кул и Пери Шриер од Агенцијата за културно наследство на Холандија (РЦЕ), кои ги испитаа сликите на барање на АД.

Сите обиди да се разговара со сестрите откако беше забележана фотографијата беа неуспешни, тврди АД, а една од нив за весникот изјави: „Не знам какви информации сакате од мене и не знам за која слика зборувате“.

Адвокатите на имотот на Гудстикер рекоа дека ќе вложат максимални напори да ја вратат сликата.

„Моето семејство има за цел да ги врати сите уметнички дела ограбени од колекцијата на Жак и да го обнови неговото наследство“, рече фон Захер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ