четврток, 5 февруари 2026

Ултрапреработена храна е поопасна отколку што мислевме: „Предизвикува вистинска зависност“

Ултрапреработената храна (УПХ) повеќе наликува на цигари отколку на традиционална здрава храна и бара многу построга регулатива, според нова студија на истражувачи од Харвард, Универзитетот во Мичиген и Универзитетот Дјук.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Истражувачите истакнуваат сличности во дизајнот на производите, маркетиншките стратегии и потенцијалот за зависност помеѓу ултрапреработена храна и тутунот, пренесува Гардијан.

Ултрапреработена храна, вклучувајќи ги газираните пијалаци, чипсот и бисквитите, често содржат емулгатори, вештачки бои и ароми и се дизајнирани од индустријата за да поттикнат прекумерна и повторена консумација.

Авторите на студијата наведуваат дека маркетиншките тврдења како „без шеќер“ или „со низок додаток на масти“ претставуваат облик на „здравствено перење“ слично на пропагандата за филтерите на цигари од 1950-тите.

„Многу УПФ дели повеќе карактеристики со цигарите отколку со минимално преработено овошје или зеленчук и затоа бараат регулатива соодветна на ризиците за јавното здравје што ги претставуваат“, заклучија истражувачите.

Професорката и клинички психолог специјализирана за зависности, Ешли Герхарт, ги истакна искуствата на своите пациенти.

“Тие чувствуваат зависност од овие производи, копнеат по нив, знаат дека се штетни, но не можат да престанат – слично како со цигарите”, рече таа.

Авторите сугерираат дека регулативата би можела да вклучува ограничувања на пазарот, судски спорови и структурни интервенции, со фокус на одговорноста на индустријата, а не само на поединецот, што е стратегија што се користи во контролата на тутунот.

Сепак, некои експерти предупредуваат дека споредбата може да биде претерана, бидејќи УПХ не предизвикуваат фармаколошка зависност како никотинот.

Клучно е, како што истакнуваат, да се разликуваат штетните ефекти што произлегуваат од самите производи од оние што настануваат поради заменувањето на целата, хранливо богата храна.

Директорот на „Амреф Хелт Африка“, Гитинџи Гитахи, истакнува дека растечката потрошувачка на УПХ врши дополнителен притисок врз здравствените системи, особено во земјите со послаба регулатива.

„Без јавно водени интервенции, ризикуваме колапс на здравствените системи поради незаразни болести“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ