„Скромниот“ рутер за поврзување на интернет, ако го оставите вклучен цел ден, троши многу електрична енергија.
Обрнете внимание на енергетската ефикасност на вашиот рутер пред да го купите и проверете дали користи што е можно помалку енергија кога е вклучен и во режим на подготвеност.
Германската Федерална агенција за заштита на животната средина (УБА) вели дека ова е особено важно ако рутерот не може да се исклучи бидејќи е поврзан и со телефонска линија, пренесува Метрополитен.
Ако е така, препорачуваме да размислите за рутер кој барем ќе ви овозможи да го исклучите вај-фај сигналот кога не го користите.






