сабота, 6 декември 2025

Три утрински навики можат да ви помогнат да го регулирате холестеролот

Начинот на кој го започнуваме денот може да има силно влијание врз здравјето на срцето.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Кардиолозите истакнуваат дека утринската рутина го поставува тонот за остатокот од денот, а малите промени во исхраната и физичката активност можат значително да помогнат во регулирањето на холестеролот.

Воведувањето на неколку здрави навики наутро може да придонесе за подобро чувство на долг рок и да го намали ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

Утринска прошетка

Брза 30-минутна прошетка наутро не само што го буди телото, туку помага и во намалувањето на холестеролот. Лекарите објаснуваат дека редовната физичка активност ја подобрува циркулацијата, го зајакнува срцето и помага во одржувањето на здрава телесна тежина, а сето тоа го намалува ризикот од висок холестерол.

Дури и умереното пешачење, доколку се прави редовно, може да има видливи позитивни ефекти врз здравјето на срцето.

Започнете го денот со топла вода

Чаша топла вода веднаш по будењето може да има повеќе придобивки отколку што изгледа на прв поглед. Помага при варење, го забрзува метаболизмот и го хидрира телото после спиење.

Ако се додаде малку лимон, ефектот се засилува – витаминот Ц и антиоксидантите од лимонот дополнително ги штитат крвните садови. Оваа едноставна навика може да придонесе за подобра регулација на холестеролот и целокупното здравје.

Додадете јаткасти плодови во вашиот појадок

Бадемите, оревите и лененото семе се одличен избор за појадок или утринска ужина. Тие се богати со омега-3 масни киселини кои го зголемуваат нивото на „добриот“ ХДЛ холестерол и го намалуваат „лошиот“ ЛДЛ холестерол.

Лекарите истакнуваат дека една шака јаткасти плодови дневно може значително да придонесе за здравјето на срцето и да обезбеди енергија потребна за почеток на денот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ