Букај вели дека постојат три работи што се вистинити.
„Во овој момент, сè е онака како што е“
Работите се такви какви што се. Не се такви какви што сакам да бидат, ниту какви што беа порано, ниту какви што ќе бидат. Сè е онака како што е, пренесува Метрополитен.
„Добрите работи не се бесплатни“
Добрите работи не се баш бесплатни. Мора да платите цена. Не секогаш економска, не парична, но мора да платите.
Добрите работи не се бесплатни. И тоа мора да го разберете. Спротивното гледиште е детско. Јас го сакам ова и бидејќи ме сакаш, мора да ми го дадеш бесплатно. Тоа не е животот, тоа не е вистината. Животот е размена.
Ако некоја работа вреди нешто, тогаш треба да ја платите цената. Лошите работи понекогаш се бесплатни. Но, добрите работи не доаѓаат бесплатно.
„Не можеш да правиш што сакаш“
Не можете да правите што сакате. Но, секогаш можете да избегнувате работи што не сакате да ги правите. Не можете да направите сè, но секогаш можете да кажете не. Тоа е наша привилегија бидејќи сме човечки суштества, и тоа е наше право.
„Да, не беше лесно да се дојде до овие вистини, но мислам дека тие сè уште важат. Можеби тоа би можело да се промени еден ден и ќе ви кажам, но така е сега“, рече Хорхе Букај.






